Фудбалерот, Тиаго Силва, кој има договор со Челзи до крајот на сезонава, веројатно ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ до 2024 година, најави денеска – „Гардијан“.
Бразилскиот дефанзивец кој пред три сезони беше купен од францускиот ПСЖ, се претвори во една од главните ѕвезди кај лондончани.
38-годишниот играч кој на времето настапуваше и за италијанскиот Милан сега е главниот столб во одбраната на „сините“. Затоа Челзи сака да го задржи барем уште една сезона.