Фудбалерот на Њукасл, Желингтон, кој беше приведен од полицијата додека возел во алкохолизирана состојба, ќе треба да плати 31.085 фунти.
Згора на тоа, Бразилецот според одлуката на судот не смее да вози во период од една година. Казната може да се намали на 9 месеци доколку посетува посебна установа за одвикнување од алкохол.
Екипата на Њукасл објави дека нема намера дополнително да го казни играчот.