Тенисерката, Арина Сабаленка, го освои првиот сезонски Грен Слем турнир – „Отвореното Првенство на Австралија “.
Таа денеска во финалето на – „Род Лејвер Арената“ ја совлада Елена Рибакина од Казахстан со 2 спрема 1 по сетови: 4-6, 6-3 и 6-4. За претставничката на Белорусија тоа е првиот голем трофеј во кариерата.
Спектаклот на централниот терен во – „Мелбурн Парк“ започна со овации од трибните кон домашната тенисерка, Ешли Барти, која во изминатата година неочекувано се повлече од белиот спорт. Таа се појави со шампионскиот трофеј од претходното издание.