Арсенал го купи играчот од средниот ред на Челзи, Жоржињо за 12 милиони фунти. 31-годишниот фудбалер е задоволен од својата промоција на „Емирати“ и откри дека за него интерес имало и претходно од „Топџиите“.
„Знам дека Микел Артета неколку пати сакаше да потпише со мене, но од различни причини тоа сепак не се случи. Проблемот не беше недостатокот на желба од моја страна. Да, Артета има голема улога во мојот трансфер во Арсенал“, изјави Жоржињо.
„Многу сум возбуден поради новиот предизвик и едвај чекам да излезам на теренот. Сè се случи исклучително брзо. Бев изненаден, но ја искористив можноста што ми се укажа. Арсенал е неверојатен клуб и среќен сум што сум тука“, додаде италијанскиот репрезентативец.
„Жоржињо е играч од средниот ред кој има интелигенција, лидерски квалитети и големо искуство и во Премиер лигата и во европските натпревари. Има освоено многу трофеи, но се уште е гладен за успех и ќе ни помогне. Драго ми е што сега е дел од нашиот клуб“, изјави Микел Артета.
Новото засилување на Арсенал ќе го носи дресот со број 20.