Француски весник Л’Екип, тврди, дека напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, ќе мора да паузира околу 20-на дена поради повредата добиена на вчерашниот меч против Монпелје во рамките на Лига 1.
Во наредните 48 часа брзоногиот фудбалер ќе оди на детални лекарски прегледи за да се утврди степенот на неговата повреда и времето за рехабилитација.
Во секој случај се доведува под знак прашалник неговиот настап против Баерн Минхен во првата елиминациска средба во Лигата на шампионите закажана за 14 февруари на „Паркот на принцовите“.