Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    Фудбал

    Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата

    risteBy riste03/02/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид, Арсенал и германската репрезентација Месут Озил одлучил да стави крај на професионалната кариера како фудбалер, информира турскиот „Фанатик“.

    Вчера, 34-годишниот Месут Озил влезе на теренот како дел од Истанбул Башакшехир, но не успеа да се докаже и беше заменет на полувремето. По натпреварот, фудбалерот беше критикуван од навивачите. Според изворот, утринава Месут Озил не дошол на тренингот на тимот, откако претходно им кажал на своите соиграчи дека одлучил да го напушти фудбалот.

    Да потсетиме дека Озил се пресели во Истанбул Башакшехир на 14 јули 2022 година. Претходно беше играч на Фенербахче, во кој во сезоната 2021/2022 учествуваше на 26 натпревари во сите натпреварувања, постигна девет гола и две асистенции. Исто така во текот на својата кариера, играчот од средниот ред успеа да игра за германски Шалке 04, лондонски Арсенал, Реал Мадрид и други клубови.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.