Кристијано Роналдо кој неодамна направи трансфер во Саудиска Арабија, вели дека нема намера да се враќа во фудбалска Европа и дека сака да соборува рекорди во тамошниот шампионат.
„Кариерата веројатно ќе ја завршам на 40 години. Во Европа ги срушив сите рекорди, сега сакам тука да рушам рекорди“ – изјави Португалецот.
Роналдо кој потпиша договор за две и половина години ќе заработи околу 500 милиони евра.