Искусниот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг ќе го напушти Челзи поради мизерната минутажа и последното понижување откако беше изоставен од тимот кој ќе игра во Лигата на шампионите.
Габонецот не е во плановите на Греам Потер, па Обамејанг наскоро ќе го напушти Лоднон и според пишувањата, кариерата ќе ја продолжи на дестинација и клуб што му одговара со оглед на моменталната форма.
Иако се уште ништо не е потврдено, се очекува напаѓачот да одлета за Лос Анџелес и да потпише договор со тамошниот клуб кој има намера да го ангажира.
Првата понуда се очекува во наредните денови, а се проценува дека би можела да биде доволна да ги задоволи апетитите и на Обамејанг, но и на Челзи.