Серхио Бускетс добил голема понуда од саудискиот клуб Ал Наср, за кого игра Кристијано Роналдо.
Според „Мундо Депортиво“, саудискиот клуб на капитенот на Барселона му дава договор со плата од 18 милиони евра по сезона. Првично Ал Наср му понуди на Шпанецот договор за период од 2 години, но клубот сега е подготвен да склучи договор со играчот според негова желба.
Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сработи на привлекување европски фудбалски ѕвезди за да ги подобри шансите за успешна кандидатура на земјата за организатор на Светското првенство во 2030 година.
Бускетс се уште чека понуда од Барселона за продолжување на договорот.