Капитенот на фудбалскиот тим Тотенхем, Уго Лорис кој се повреди на дербито со Манчестер Сити во текот на викендот, ќе паузира од 6 до 8 недели.
Иако првично имаше стравувања дека Лорис нема да игра до крајот на сезоната, луѓето од клубот се надеваат дека тој ќе се врати за околу два месеца. Според проценките, искусниот чувар на мрежата нема да мора да оди на операција.
„Спарси“ се во конкуренција за место во топ 4 во Премиер-лигата а набрзо ги очекува осминафиналето во Лигата на шампионите против Милан.