Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, ќе биде надвор од терените во следните седум недели поради повреда на коленото, потврдија од клубот. Капитенот на Тотенхем се повреди на крајот на мечот со Манчестер Сити кој лондончани го добија со 1:0.
Веднаш штом го напушти стадионот на Тотенхем по натпреварот, на Французинот му беше ставена шина на ногата. Местото на Лорис на голот на Тотенхем ќе го заземе Фрејзер Форстер, кој ќе брани и на претстојните натпревари со Милан од осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Сите сме разочарани по повредата на Хуго. Но Фрејзер Фпрстер е доволно искусен голман. Ни претстојат пет тешки недели каде целосно ќе се потпреме на него”, изјави помошникот тренер на Тотенхем, Кристијан Стелини.
„Веруваме во Фрејзер и му посакуваме на Хуго брзо закрепнување. Мислам дека му требаат меѓу пет и седум недели да се опорави“, додаде Стелини.