Раководството на Челзи е свесно дека играчот од средниот ред Мејсон Маунт нема да потпише нов договор со клубот. 24-годишниот англиски репрезентативец летово ќе влезе во последните 12 месеци од актуелниот договор со „сините“.
Тој беше поврзуван со Ливерпул на крајот на сезоната, доколку Челзи не успее да го поврзе на долгорочен договор и според Телеграф лондонскиот клуб на тој начин ќе биде принуден да донесе одлука што ќе прави со Маунт на лето.
Се вели дека дел од управата на „Стемфорд Бриџ“ се помири со фактот дека Маунт ќе си замине, па веќе се подготвуваат за добри понуди во јуни.