Капитенот на Порто, Пепе, вели дека неговиот тим не заслужи да загуби на вчерашниот меч со Интер на стартот на елиминациите во Лигата на фудбалските шампиони.
Домаќинот славеше на „Џузепе Меаца“ со погодокот на Ромелу Лукаку во 86 минута откако Португалците остана со 10 фудбалери по исклучувањето на Отавио.
„Честитки до тимот. Бевме храбри и имавме две чисти шанси да постигнеме гол. Интер имаше повеќе шанси само по црвениот картон“ – изјави дефанзивецот на Порто.