Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите. Ова го соопшти прес-службата на ова натпреварување.
Во првиот натпревар од 1/8 финалето со Ливерпул, Бразилецот постигна два гола и имаше една асистенција. Реваншот ќе се одигра три недели подоцна во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ на 15 март со почеток во 21:00 часот.
Да потсетиме, во стартните 14 минути од првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите, Ливерпул успеа двапати да го совлада Тибо Куртоа, но Реал Мадрид на ова одговори со два гола на Винисиус Жуниор и Карим Бензема и еден гол на Милитао.
Претходно, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по победата во осминафиналето на Лигата на шампионите со Ливерпул (5:2), го нарече офанзивниот играч Винисиус Жуниор за најопасен играч на светот.