Францускиот играч од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, би можел да се врати на терените вече во вторник на мечот со Торино. Искусниот играч за врска се чини дека конечно ќе се врати на терените откако ја санираше повредата.
Информациите од италијанските медиуми говорат дека францускиот репрезентативец ќе му биде на располагање на тренерот Масимилијано Алегри за дербито против Торино.