Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед по речиси шест години или гледано од мај 2017 година, стигна до 68-от трофеј во клупската ризница.
„Црвените ѓаволи“ денеска го совладаа Њускал и по шести пат го подигнаа пехарот во Лига-купот на Англија. На мечот одигран на легендарниот стадион – „Вембли“, првиот гол беше дело на Касемиро додека вториот беше автогол на Ботман.
Тимот од стадионот – „Олд Трафорд“ последен пат се израдува на трофеј во 2017 година кога победи во Лига Купот на Англија и во Лига Европа. Тогаш тренер беше Жозе Мурињо.