Лондонски Челзи нема постигнато ниту една победа откако во клубот пристигна португалскиот напаѓач Жоао Феликс. Атлетико Мадрид, од кој Португалецот се пресели во Челзи на позајмица, не претрпе ниту еден пораз по неговото заминување во шпанското првенство.
Челзи со Феликс во составот загуби во четири натпревари и еднаш ремизираше. Исто така „сините“ од Лондон загубија од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите (0:1), Фулам (1:2), Саутемптон (0:1) и Тотенхем (0:2) во Премиер лигата. Исто така, Челзи не можеше да го победи Вест Хем (1:1).
Жоао Феликс се пресели во Челзи на 11 јануари. Од тој ден, Атлетико Мадрид одигра седум натпревари во шпанската Ла Лига, на кои забележа четири победи и три пати играше нерешено.