Македонската натпреварувачка во крос-кантри Ана Цветановска го освои 71. место од вкупно 80.натпреварувачки кои ја завршија индивидуалната трка на 10 километри на Светското првенство во нордиско скијање кое се одржува на Планица, Словенија.
Цветановска трката на 10 километри ја заврши со време од 31:27.8 минути што беше за 7:47 минути послабо од победничката Џеси Дигинс од САД. Времето на Дигинс беше 23:40.8 минути, доволно за златен медал пред Швеѓанката, Фрида Карлсон која имаше заостанување од 14 секунди. Бронзата и припадна на уште една Швеѓанка, Ема Андерсон со 19.5 секунди зад времето на златната Дигинс.
Утре на програмата на Светското првенство на Планица е и машката индивидуална трка на 15 километри.