Фудбалерите на Пари Сен Жермен вежбале пенали на вчерашниот тренинг по пристигнувањето во Минхен, пишува „Л‘Екип“. Французите вечерва се соочуваат со Баерн во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Париз, Баварците го добија со 1:0.
Меѓу изведувачите од белата точка беа Килијан Мбапе и Серхио Рамос. Во меѓувреме, голманите на ПСЖ добија инструкции како играчите на Баерн ги изведуваат пеналите. Очигледно, тимот се подготвува за оваа опција.
Слично сценарио вчера прокоментира и тренерот Кристоф Галтие кој ја објасни својата стратегија во таквото сценарио. Според него, прво треба да шутираат најдобрите изведувачи.