Големата ѕвезда во редовите на ПСЖ, Килијан Мбапе, вели дека елиминацијата во Лигата на фудбалските шампиони нема да влијае врз нeговите планови и дека сега ќе се насочи кон освојување на пехарот во домашното првенство.
„Загубивме од силен состав. Тука е нашиот максимум во Лигата на шампионите, нема за што да жалиме“ – вели брзоногиот напаѓач на „светците“.
„Ова не менува ништо околу мојата иднина. Сакам да го освојам првенството а потоа ќе видиме што ќе се случи“ – потенцираше Мбапе по вчерашниот пораз од Баерн Минхен во осминафиналето во елитата на Европа.