Атлетико Мадрид летово би можел да остане без напаѓачот Жоао Феликс, според последните извештаи на медиумите.
Наводно, Феликс во моментов е задоволен од престојот во Челзи и не би имал ништо против лондонскиот клуб да го купи на крајот од сезоната. Феликс дојде од Атлетико во Челзи на позајмица до крајот на оваа сезона.
„Португалецот е среќен во Челзи и Атлетико мора да биде подготвен за сериозни разговори ова лето“, велат медиумите на островот.
Наводно Тод Боли ќе започне преговори со мадрижани за некој ден.
Неговата моментална цена е 50 милиони евра, а дел од шпанските медиуми шпекулираат дека мадридскиот клуб сигурно нема да го пушти Феликс под 80 милиони евра.