Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки, Адријана Поп Арсова викендов имаше одличен настап на полумаратонска трка која се одржа во соседна Грција.
Поп Арсова се враќа со првото место во женска конкуренција на полумаратонот во Трикала, каде што освен што ја победи конкуренцијата, успеа да постави и нов рекорд на патеката и нов рекорд на Македонија во полумаратон со време од 1:13:39 час.