Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација
    Фудбал

    Новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

    risteBy riste21/03/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставија новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.

    Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.

    Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.

    Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата.

    „Исклучително сум горд што имам привилегија да го носам прекрасниот македонски дрес. Со нетрпение очекувам да го облечеме новиот дрес кој ја следи препознатливата традиција. Нашиот дрес со сонце е еден од најпрепознатливите и сигурен сум дека ќе биде многу популарен меѓу нашите навивачи“, изјави капитенот македонската репрезентација, Стефан Ристовски. 

    Новиот дрес на македонската репрезентација, фудбалерите ќе го носат на првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024 против Малта на Националната арена „Тодор Проески“ на 23. март во Скопје

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.