Првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, во Краков, Полска е член на Координативната комисија за Европски игри (ЕИ) Краков 2023 на Европските олимписки комитети.
На состанокот се разговара за теми како што се условите за учество на спортистите, сместувањето, транспортот, квалификационите системи, поврзаноста на овие игри со квалификациониот систем за учество на ОИ Париз 2024 и многу други теми кои се од голема важност за организацијата на ЕИ.
Димевски ја искористи оваа прилика, со членовите на Меѓународниот олимписки комитет како и со Европските олимписки комитети да договори нови програми за унапредување на македонскиот спорт како и да лобира за нови програми за Македонските Национални спортски федерации.