Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Се поизвесно е дека УЕФА ќе ја исфрли Барселона од Лигата на шампионите за една сезона
    Фудбал

    Се поизвесно е дека УЕФА ќе ја исфрли Барселона од Лигата на шампионите за една сезона

    risteBy riste22/03/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Се поизвесно е дека УЕФА ќе ја исфрли Барселона од Лигата на шампионите на една сезона поради инцидентот со Негреира.

    Според одредени медиуми во Шпанија, УЕФА има став за изрекување на оваа санкција, која ќе биде во согласност со прописите и особено со делот наведен во чл. 50 од статутот на организацијата. Според него, УЕФА не треба да дозволи клуб да учествува во европски турнири доколку се докаже каква било „активност насочена кон местење или влијание на резултатот на кој било натпревар на национално или меѓународно ниво“.

    Одземањето на правата за учество во вакви случаи е за една сезона. Според истите извори, УЕФА веќе побарала од Шпанската фудбалска федерација цела документација за случајот. Таа била пратена во Нион уште минатата недела. Весникот додава дека раководното тело на европскиот фудбал ќе одлучи за можната казна во јуни. Откако шпанските обвинители формално ја обвинија Барселона со тврдења дека исплатите на Негреира може да се гледаат како дејствија насочени кон фаворизирање на клубот при судењето на натпреварите, а со тоа и резултатите од натпреварите, а УЕФА ја побара документацијата за која станува збор, сепак, ова сценарио се чини сè поверојатно.

    Ова би бил многу сериозен удар за клубот кој веќе има големи финансиски проблеми и на лето мора да го намали буџетот за плати за цели 200 милиони евра за да влезе во финансиската рамка на Ла Лига и да може да привлече нови играчи. Останувањето без приходите од Лигата на шампионите би го отежнало клупското работење.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.