Челзи може да го покани германскиот стручњак Јулијан Нагелсман, во случај лондончани да решат да го ослободат својот сегашен менаџер Греам Потер, пишува германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Нагелсман, кој доби отказ од Баерн (Минхен), влезе во потесниот избор за сините. Во исто време, сепак, протече информација дека Челзи има намера да ја прекине соработката со Потер, зад кој раководството во моментов безусловно стои. Во меѓувреме се појавија и информации дека од друг лондонски тим – Тотенхем сакаат Нагелсман да ја преземе менаџерската позиција во нивниот клуб.
Сепак, од Тотенхем се уште немаат дадено конкретна понуда до германскиот тренер. Јулијан Нагелсман беше на чело на Баерн (Минхен) од 2021 година, а доби отказ од тренерската позиција по поразот од Баер (Леверкузен) со 1:2.

