Манчестер Јунајтед и ПСЖ на лето ќе се обидат да го ангажираат напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Според „Газета дело Спорт“, Наполи е заинтересиран да го обнови договорот со напаѓачот, но потенцијалните заинтереситрани клубови за Осимен се подготвени да понудат поголема плата – повеќе од 6 милиони евра по сезона.
Фаворит во трката за потписот на Нигериецот е Манчестер Јунајтед, но, според изданието, ПСЖ има намера да конкурира за Осимен.
Луис Кампос наводно е голем обожавател на Нигериецот. Наполи ќе бара најмалку 150 милиони евра за Осимен, што значи дека неговиот трансфер би можел да биде трет најскап во историјата на ПСЖ по Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра). Осимен има постигнато 21 гол и четири асистенции на 23 натпревари во Серија А оваа сезона.