Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по победата над Ваљадолид со 6:0 рече дека ќе остане во тимот до 2034 година. Сепак, договорот на Карло истекува во 2024 година и неговата иднина е нејасна.
„Уверен сум поради играчите кои ги имам и поддршката од клубот. Веќе ја разјаснив мојата иднина. Мојот договор истекува во 2024 година и имам намера да го дочекам до крај. Ако сите во Реал се задоволни, можам да останам и до 2034 година“, изјави Анчелоти.
63-годишниот стручњак го презеде Реал Мадрид во летото 2021 година. Ова е негов втор ангажман како тренер на „кралскиот клуб“.