Авицена Женската трка, единствената спортска манифестација посветена исклучиво на понежниот пол ќе се одржи на 9 април. Огранизаторот на трката, Сојузот на спортови на Скопје, денеска најави дека со бројката од 2500 пријави е урнат рекордот на пријавени натпреварувачки.
И оваа година, победничките во генералниот пласман ќе добијат награди, додека награди ќе има и за учесничките во 7 возразни подкатегории.
Овој спортски настан има за цел да го промовира значењето на физичката активност, особено трчањето и пешачењето, за здравјето на женската популација како примарна превенција, но и добро дружење, зајакнување на женската солидарност преку активизам, поддршка и мотивација. Дополнително, оваа трка ги охрабрува жените дека со малку волја можат да ги победат сопствените животни рекорди.
Стартот на трката и оваа година е фонтана “Лотос“, а истата започнува во 10 часот.

