Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров и на Струга ќе се борат за победникиот пехар во националниот Куп.
Во денешните мечеви од полу-финалето „лавовите“ ја совладаа Шкендија и тоа во Tетово по изведувањето на пенали со 4-3 откако во регуларниорт дел беше 1:1. Во Струга, истоимениот тим успеа да се избори за првото финале во Купот откако минимално славеше против Силекс со 1:0 со голот на Меџит Незири во 65-та минута.
Македонија ЃП ќе се бори за третиот трофеј (2006 и 2022) додека Струга ќе се обиде прв пат да го однесе во нејзините витрини.