По поразот од Виљареал, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека не е премногу загрижен во пресрет на мечот од Лигата на шампионите против Челзи.
„Ова беше тежок натпревар. Не можевме да дојдеме до топката и не се браневме добро. Можевме и моравме да бидеме подобри“, изјави стратегот на Кралскиот клуб.
Во текот на оваа седмица, во Лигата на шампионите Реал (М) го очекува четвртфиналниот дуел со Челзи, но Анчелоти е убеден дека ќе изгледаат многу подобро на оваа средба.