Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, по викенд -поразот од Болоња во Серија „А“, вели дека неговиот тим направил многу грешки и дека заслужено останал без бодови.
„Тие беа многу добри додека ние бевме принудени да се обидеме ги корегираме нашите грешки но, не успеавме. Во првото полувреме имавме можност да постигнеме гол. Во вториот дел не одигравме како што сакавме“ – изјави Гасперини.
Неговиот тим сега останува на шестото место на табелата со мали шанси да се избори за виза за Лигата на шампионите.