Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Ватцке откри што мисли за иднината на играчот од средниот ред Марко Ројс во тимот.
„Во блиска иднина ќе донесеме одлука за договорот со Марко. Мислам дека ќе бидат потребни до десет дена за да направиме тоа“, изави Вацке во интервју за новинарот Фабрицио Романо.
Германскиот фудбалер веќе 11 години игра за Борусија Дортмунд. Ројс се пресели во Борусија во летото 2012 година од истоимениот клуб од Менхенгладбах. Неговиот договор со клубот е до крајот на јуни. Во составот на оваа екипа Марко Ројс одигра 380 натпревари и постигна 161 гол.
Според Трансфермаркт, играчот вреди 9 милиони евра.
33-годишниот германски играч оваа сезона забележа 20 настапи во Бундеслигата, постигнувајќи шест гола и четири асистенции.

