Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Халанд го собори рекордот на Салах за најмногу голови во една сезона
    Фудбал

    Халанд го собори рекордот на Салах за најмногу голови во една сезона

    risteBy riste27/04/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд го собори рекордот на Мохамед Салах за најмногу голови во сезоната во Премиер лигата со 38 натпревари. Норвежанецот постигна гол во победата од 4:1 над Арсенал и го зголеми својот број на 33 оваа сезона. Египќанецот досега го држеше рекордот со 32 постигнати гола во сезоната 2017/18.

    Инаку, Енди Кол и Алан Ширер го држат рекордот за најмногу голови досега во една сезона во Премиер лигата со по 34. Двајцата ист број на голови во сезоните 1993/94 и 1994/95, но разликата е во тоа што одиграа по 42 натпревари во текот на сезоната. До крајот на сезоната остануваат уште само 7 натпревари, па Халанд ќе има можност да ги подобри дури и рекордите на Кол и Ширер. Она што е уште поимпресивно е што Норвежанецот може да го направи тоа во својата прва сезона во Премиер лигата.

    Инаку, Халанд има вкупно 49 гола од стартот на сезоната во сите натпреварувања. Тој е и водечки стрелец во сезоната на Лигата на шампионите со 11 голови.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.