Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ , ќе остане во тимот уште една година, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил.
Според изворот, во блиска иднина 37-годишниот играч за врска ќе го продолжи договорот со клубот на една година. Сите документи веќе се подготвени.
Се дознава дека Тони Крос веќе потпишал нов едногодишен договор. Модриќ истото ќе го направи тоа во наредните денови.
Хрватскиот играч за врска игра за Реал Мадрид веќе 11 години (од 2012 година).
Модриќ оваа сезона забележа 45 настапи за Реал Мадрид во сите натпреварувања, во кои постигна шест гола и шест асистенции. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, е 10 милиони евра.

