Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Синоќа одржано редовното Собрание на МОК 2023
    Домашен микс

    Синоќа одржано редовното Собрание на МОК 2023

    risteBy riste09/05/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вчера во хотел „ЛИМАК“, се одржа редовното Собрание на МОК на кои беа членовите на Собранието, олимписките Национални спортски федерации и истакнатите македонски спортски имиња.

    На почетокот на Собранието, претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски му врачи Златна плакета на МОК на Шабан Сејдиу, Олимписки великан, носител на два бронзени медали и учесник на 4 (четири) летни Олимписки игри.

    Потоа беа избрани работните тела и беа усвоени записникот од минатото собрание, дневниот ред на Собранието како и извештаите за работа, финансискиот и ревизорскиот извештај, извештајот за финансиска контрола од УЈП и од страна на ИОК, како и извештаите од Комисиите.

    Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски даде информација за новите партнери на МОК, а тоа се хотелот ЛИМАК и шпанскиот производител на спортска опрема ЈОМА, кој ќе ги опреми најдобрите македонски спортисти кои ќе учествуват на Европските игри Краков 2023, зимските младински олимписки игри Гангвон 2024 како и летните Олимписки игри ПАРИЗ 2024.

    Претседателот Димевски даде информација и за блиската комуникација со претседателите на Меѓународните спортски федерации од кои е побарана помош за Националните спортски федерации. На Собранието беше даден извештај за Европските игри Краков 2023, летните Олимписки игри ПАРИЗ 2024, за новата веб страна на МОК како и новиот проект на МОК, ЗЛАТЕН ДЕНАР ЗА ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ.

    Во одбрана на претставниците на Националните спортски федерации, Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски истакна дека секогаш ќе ги брани интересите на МОК и на Националните спортски федерации како највисоки Олимписки и спортски невладини институции, ќе ја брани тешката и макотрпна работа на МОК и на Националните спортски федерации и истите ќе ги штити од секакви бескрупулозни и лажни напади во однос на позитивните активности, како што е, пред се, ваучерскиот систем. Националните спортски федерации во еден глас се заблагодарија на Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски за неговата несебична помош кој тој лично ја дава во однос на финансиската и логистичка помош за развојот на македонскиот спорт и подобрување на спортските резултати на најдобрите македонски спортисти.

    На крајот, имајќи во предвид дека следното Собрание е изборно, беа избрани и членови на Изборната кандидациона комисија на МОК.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.