Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, доби пригоден подарок од својот клуб Динамо (З) за верноста и одиграните 100 меча во дресот на загрепскиот тим.
Вчера пред почетокот на натпревар од последното коло во хрватскиот фудбалски шампионат против Шибеник, нашиот фудбалски репрезенативец доби посебен врамен дрес со бројот 100, како потврда за влезот во „Клубот 100“ на „Максимир“.

