Италијанскиот играч за врска во редовите на Милан, Сандро Тонали зборуваше за претстојниот реванш против Интер. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Интер.
„Има многу емоции околу натпреварот. Имаме голема шанса. Не можеме да го промениме исходот од првиот натпревар, но можеме да работиме заедно во реваншот за да се подобриме. Знаеме колку значи оваа средба. Секој што го носи дресот на Милан на овој натпревар знае дека треба да дадеме сè за да можеме да се гордееме со себе“, изјави Тонали за прес-службата на УЕФА.
Реваншот меѓу Интер и Милан ќе се одигра во Милано на стадионот „Џузепе Меаца“ вечерва од 21 часот. Претходно беше објавено дека на претстојниот натпревар најверојатно ќе учествува и крилниот напаѓач на Росонерите, Рафаел Леао.

