Медиумите во Италија открија детали од новиот договор на Рафел Леао кој се согласи да ја продолжи соработката со фудбалскиот состав на Милан.
Тој ќе остане кај „росонерите“ до 2028 година и ќе добива годишна плата од 5 милиони евра плус дополнителни бонуси. Неговата откупна клаузула ќе биде подигната на 175 милиони евра.
23- годишниот репрезентативец на Португалија беше купен од Лил во 2019 година за 29,5 милиони евра.

