Во изјава за Спортското радио 90.3 фм, спортскиот директор на Вардар, Александар Бајевски, вели дека, конечно, е исполнета зацртаната цел која „црвено-црните“ ја имаа уште на почетокот на сезоната. Вардар денеска славеше со 3:0 на баражот со Скопје и обезбеди промоција во елитата.
„Капа долу за играчите, за навивачите, за сите кои веруваа во Вардар. Немам зборови да го искажам задоволството од она што нашите навивачи го направија за клубот. Само можам да им симнам капа. Среќни сме. Ја исполнивме целта, иако по потешкиот пат. Вардар првпат игра бараж и тоа ќе биде последен пат. Се враќаме во елитата, каде што ни е местото“, изјави кусо Бајевски по победата над Скопје во Кавадарци.

