Тренерот на Абердин, Боби Робсон, откри детали за повредата на нашиот фудбалски интернационалец Бојан Миовски.
„Првиот скрининг покажа дека има помали проблеми од претходно. Се надеваме дека не е лошо како што се стравуваше. Повеќе ќе знаеме по специјалистичките прегледи кои се закажани за в понеделеник“ – вели тренерот на шкотскиот состав.
Тоа значи дека по два дена ќе се знае дали Миовски ќе може да настапи за нашата селекција на средбите со Украина и Англија закажани за 16 и 19 јуни во Скопје и Манчестер.

