И покрај сите перипетии, Даичи Камада ќе ја продолжи кариерата во Милан. 26-годишниот играч за врска на јапонската репрезентација ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“ и тоа како слободен играч, откако неговиот договор со Ајнтрахт истекува на 30 јуни.
Според германски извори, Милан го победил Атлетико (М) во борбата за Камада, а играчот од средниот ред одбил и профитабилна понуда од Борусија Дортмунд.
На 32 натпревари во Бундеслигата минатата сезона, Камада постигна 9 гола и имаше 6 асистенции.

