Капитенот на француската фудбалска репрезентација и играч на ПСЖ, Килијан Мбапе по четвртипат по ред е прогласен за најдобар играч на сезоната во француската фудбалска лига, во избор на Француската унија на професионални играчи (УНФП).
Француската ѕвезда оваа сезона постигна 28 гола во францускиот шампионат и е на добар пат да биде најдобар стрелец петта сезона по ред. Напаѓачот на Лион, Александре Лаказет има само еден гол помалку на оваа ранг листа.

