Лондонски Челзи на својата официјална веб-страница го објави назначувањето на аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино за главен тренер на тимот.
Покетино ќе ги преземе своите должности на 1 јули 2023 година. Договорот на Аргентинецот со лондонскиот клуб е на две години со можност за продолжување на уште една сезона на иницијатива на раководството на тимот.
Во стручниот штаб на 51-годишниот специјалист ќе бидат Хесус Перез, Мигел Д’Агостино, Тони Хименез и Себастиано Покетино.
Претходно, Покетино веќе работеше во англиската Премиер лига. Аргентинецот беше тренер на Тотенхем и Саутемптон. Покетино успеа да работи и во Шпанија со Еспањол и во Франција со ПСЖ, од каде си замина во јули минатата година. Со Парижаните Аргентинецот ги освои шампионатот, Купот и Суперкупот на Франција.

