Италијанскиот гигант Јувентус склучил договор за порамнување на суд со обвинителството на Италијанската фудбалска федерација, според кој клубот се изјаснил за виновен во случајот за финансиска измама. Поради ова клубот ќе плати казна од 718.000 евра.
Пред судот на Италијанската фудбалска федерација се разгледуваше случајот со Јувентус. Откако склучи договор за порамнување, клубот од Торино одби дополнително да ги оспори санкциите во однос на него. Судот го зеде предвид признавањето на вината од страна на Јувентус. Клубот ќе биде казнет само со парична казна. Претходно, потсетуваме, на Јувентус му беа одземени десет бода поради таканаречените фиктивни капитални добивки.
Во моментов, Јувентус се наоѓа на седмото место во Серија А, со 59 бодови и најверојатно ќе заврши на таа позиција со што нема да играат следната сезона во Лигата на шампионите. Јувентус има еден бод помалку од шестопласираната Рома на едно коло пред крајот на шампионатот.

