Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио е на чекор до трансфер во Астон Вила, објави новинарот Никола Шира на Твитер.
Според него, фудбалерот се согласил за договор со англискиот клуб за плата од 8 милиони евра.Шпанецот ќе замине во Бирмингем бесплатно, бидејќи неговиот договор со мадридскиот клуб истекува на крајот на сезоната.
Асенсио (27) оваа сезона одигра 50 натпревари за Реал Мадрид, постигнувајќи 12 гола и осум асистенции. Вкупно со Реал Мадрид има освоено 16 трофеи, вклучувајќи три победи во Лигата на шампионите. Асенсио досега настапуваше само за шпански екипи. Астон Вила заврши на седмото место во Премиер лигата, а следната сезона ќе игра во Конференциската лига.

