Половичен успех на нашите одбојкарски репрезентации во двојната програма во СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Мажите ја совладаа Белгија со 3-1 за прва победа во Златната Лига по стартниот пораз од Украина додека одбојкарките загубија од Летонија со 3-0 во рамките на 2 коло од Сребрената Лига.
Двете селекции в сабота повторно ќе бидат во улога на домаќини на истата локација. Одбојкарите ќе излезат на мегдан со Хрватска која има два пораза во групата додека сениорките ќе играат против Естонија која е главниот фаворит за првото место.

