Фудбалерите на Севилја го освоија пехарот во Лига Европа откако во финалето победија против Рома по изведувањето на пенали со 3-1.
На стадионот во Будимпешта италијанците поведоа со голот на Дибала во 35 минута додека Шпанците дојдоа до изедначување во 55-та кога несреќниот Манчини си постигна автогол. До крајот на мечот и во двете продолженија два пати по 15 минути стрелците не се наметна и резултатот остана непроменет.
По пенал-рулетот пехарот замина во Шпанија. За Севилја тоа е седмиот трофеј во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Тренерот на италијанскиот тим Жозе Мурињо не ја продолжи фантастичната серија на победи и прв пат загуби во шестото европско финале.

