Селекторот на фудбалерите, Благоја Милевски, соочен со отсуството на Бојан Миовски, Дарко Чурлинов, Кире Ристевски, Стефан Спировски и Бобан Николов, вели дека мора да ги прегази принципите и да повика играчи што не се во оптимална форма.
„Останавме без две опции за напад, ќе пробаме да извлечеме максимум со тие што ги имаме. Јас ги погазувам принципите кои ги воведов дека ќе бидат повикани тие што играат и се во најдобра форма но, во моментов ако се водам по тоа – 70 отсто од играчите не би биле викнати“ – вели Милевски.
Првиот меч во јунскиот дел ќе го одиграме против Украина во Скопје на 16 јуни додека три дена потоа ќе гостуваме кај „Гордиот Албион“.

