Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»УЕФА го прифати извинувањето на Марчињак и потврди дека ќе го суди финалето на Лигата на шампионите
    Фудбал

    УЕФА го прифати извинувањето на Марчињак и потврди дека ќе го суди финалето на Лигата на шампионите

    risteBy riste02/06/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави соопштение на својата официјална веб-страница во врска со назначувањето на полскиот судија Шимон Марчињак за главен судија на финалето од Лигата на шампионите. 

    Претходно имаше информации дека Марчињак може да биде отстранет од натпреварот поради неговата политичка позиција. Скандалот избувна поради учеството на судијата на настан организиран од полскиот екстремно десничарски политичар Славомир Мензен. УЕФА го прифати извинувањето на судијата и го потврди назначувањето.

    „УЕФА внимателно ги истражи наводите поврзани со учеството на Шимон Марчињак на настан организиран во Катовице на 29 мај 2023 година. По темелна проверка, добивме изјава од Марчињак, во која тој изразува најдлабоко извинување и појаснување за своето учество на настанот. УЕФА го прифаќа неговото длабоко извинување и потврдува дека Марчињак ќе продолжи со својата должност како судија за финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 2023 година“, се вели во соопштението на организацијата.

    Одлучувачкиот натпревар во Лигата на шампиони во кој ќе се сретнат Манчестер Сити и Интер ќе се одигра на 10 јуни во Истанбул со почеток во 21 часот. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.